предупредување (ср.)
Извици на предупредување допирааа од сите страни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Мртвите ја немаат среќата да решаваат проблеми, а уште помалку да исполнуваат желби“ ме сепна предупредувањето изречено лично од мајка ми некогаш одамна, веројатно со единствена цел да ме ослободи од збунувачките пораки, што можеби ќе се обидат да ми ги наметнат лековерните.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имаше пред тоа некакви предупредувања одоколу, особено од родителите на учениците, учителот да се ослободи од козата, но тој и натаму си ја чуваше својата Мила.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зар не беше тоа предупредување за многуте тајни во врска со човекот кому му бев целосно посветена, вклучително и за оваа најубиствената, што сега се откри, а кое јас никогаш докрај не го доведов до мојата свест.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ што беше потребно е да се замени првобитното ветување со предупредувањето дека можеби ќе биде потребно следувањето во текот на април да се намали.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби беше правилно предупредувањето на Агна, кое ми го соопшти откога ѝ пишав за почетокот на работата на бунарот, дека е подобро да не се сообразува човек со желбите, како да се исполнети, пред да види што вели животот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Каде и да се наоѓа, додека спие или е буден, додека работи или одмора, в бања или в кревет, тој може да биде надгледуван без предупредување и без да знае дека е надгледуван.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Го видовте ли - стрелајте без предупредување. И гледајте да го убиете.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Како што колената не ги снемува, како што корените корен раѓаат, како што сојот не умира, така и лошото живее во клетвата народна што постојано се пренесува низ дамарите во народното паметење и како поука и како предупредување... ќе не колне нас народот, ќе нѐ колне...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бургиба по ова предупредување на своите западни пријатели разбра дека со посебен настан во парламентот мора да го одбележи и вистинското враќање на повеќепартиската демократија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа протресе со главата, очигледно како предупредување да не зборува, потоа ги раздели грмушките и брзо го поведе по тесната патека во шумата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беа погубени, а нивната судбина беше забележана во партиските истории, како предупредување за потомство.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наспроти тоа, пропишаната процедура од 1996 година е следната: прво, најдоцна 7 дена пред денот кога имаат намера да најават штрајк, синдикатот, односно работниците кои го користат правото на штрајк, доставуваат писмено предупредување во кое ќе известат дека имаат намера да организираат штрајк.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се почувствува стаписан кога разводникот пред да го остави на местото каде што го постави му нареди: „Пукај без предупредување!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И покрај нашите постојани предупредувања да не им помагате на комунистичките бандити, да се откажете од секакви злосторства против нашата војска, да не ги криете оние што ни пакосат, да не бегате и да не им се придружувате на голтарите в шума - вие сето тоа дрско го отфрливте и го погазивте...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)