презентација ж.

презентација (ж.)

Можете да видите презентација на работничка дневна соба пред и после комунизмот; уживав во овие компаративни нарации.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Презентацијата веќе беше почната.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таткото е глас; пишувањето е негова презентација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За таа цел Александра отпатува до Германија, на сметка на општината којашто, просто, обожаваше да спонзорира презентации на успешната кариера на своите некогашни жители в туѓина.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Презентацијата на сознанијата на говорникот и писателот е лишено од информации коишто можат на читателот да му дадат податоци за условите при создавањето на експертското мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Испитаникот по желба може да ги менува каналите во текот на дваесетоминутната презентација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мнозина уметници денес користат проверени механизми на медиска презентација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
67 Хактивисти, киберуметници, гранични активисти и музичари се обидоа привремено да ја избришат (или барем да ја суспендираат) границата Тихуана-Сан Диего, со Java аплети, скенирање портови, радио, микробранови, ISDN, комуникација лице- во- лице, технолошки работилници, презентации, музички настани.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, овој текст нема за цел да ги објасни во подробности различните примери од предложените точки, но затоа ќе афирмира една теза по која концептуалната уметност во основа за своја парадигма го има синтактичкиот модел на текстуалноста како што овој за своја парадигма го има конкретниот модел, имајќи го предвид решението на “материјалната презентација” на естетско-естетичката процесуалност.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)
Желбата да се долови родова презентација што не личи дека заостанува зад историската крива била силна и вистинска.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)