прекисне (св.)
Уште ни до црквето не беа дојдени, кога дождот им прекисна преку капите и водата низ коса им потече во вратовите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
И, да не должам многу, добри мои, уште неколкупати се повторило тоа: „Ама ако не беше мојата наметка, ќе накиснеше до кожа...“ и „Многу ти благодарам...“ па на човекот што си немал своја наметка најпосле му прекиснало, му прелило што се вели, па се симнал од коњот и сосе алишта се фрлил во реката.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)