премудар (прид.)
– Дали сте благословени од света Богородица, кога така го штитите името на нејзиниот премудар син, – одговори калуѓерот и го извади тефтерот од торбата и му го поднесе на поп Јакова, говорејќи му: – Ако милуваш да подариш нешто за света Богородица, запиши во него.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но тој се лажеше, зашто не ги познаваше неумоливите закони на љубовта, иако знаеше дека уште премудри Соломон рекол: „Можеш ли да си туриш жар в пазува, а да не ти изгори кошулата?“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Понеделник Март Бевме деца, обични деца, и големи и мали, слабуњави и нежни, премудри во нашата невиност.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Откако ќе заспијат децата Откако ќе заспијат децата, имаме време да се запознаеме подобро но премудри сме за да запаѓаме во неволји.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
И се тргна на замрсеноста. Ја спушти оревовата поцрнета плоча во ковчегот од кој ја извади и стана премудар: го запозна минатото, виде дел од иднината, ќе молчи, господ ги определува за видовити, оние што знаат да ги чуваат неговите тајни.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Затоа низ неговата уста се изли божјата благодат, како што кажал премудриот Соломон: во устата на премудриот влегува вдахновение, тој носи закон и милост на јазикот, со него ги врзува злословните усти на еретиците.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Зашто дрвото што првин ќе пушти трн - подоцна ќе роди плод..., како што вели премудриот Константин.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)