преокупира св. и несв.
преокупиран прид.

преокупира (св. и несв.)

Тоалетата и партнерот беа најважните детали кои ги преокупираа мислите на сите матуранти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Темата на жртвата, без оглед што фала му на Севишниот, лично ја нема искусено, ниту тој, ниту неговото семејство, посебно го преокупира рабинот бен Цви.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веројатно сум ја насетил опасноста, сум забележал едно лице што постојано ми ги преокупирало мислите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Лесно би ги заборавил. Преокупиран сум.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Преокупирани се со тоа кај ќе се појават и дали ќе ги улови апаратот на некој фотограф.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)