препоти (св.)
За последен пат добро се препотив.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кутрата, сигурно ќе се препоти внатре, олку покриена, не ќе може ни да дише, но што да се прави, тоа беше единственото што на брзина му падна на памет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Веќе во десеттиот завлезе, му велам и пак се препотувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И овојпат беше превкусно, но бев свесен како повторно ќе ги закочи моите и онака мрзеливи црева и при секоја помисла на ова одново и одново се препотував.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Скокаат, врескаат, пеат, плачат, се потат и препотуваат, се дават во изобилството прав кренато од нечистото душеме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се препотувам кога мислам на овие работи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Одат наведнати, здишани, препотени. - Не стој! Ќе заспиеш... оди... оди, не стој!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Неколкупати сосем се препотив, ми се заврте во главата и ми дојде да повратам, но откако главните кризи поминаа, почнав да чувствувам дека всушност ми е добро и дека можам да го исклучам тушот и полека да излезам од тоалетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)