пререче (св.)
Не можеш ништо да го прашаш, не смееш ништо да му преречеш. Се плашиш да не излезе зборот настрана.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Не можеш ништо да ѝ преречеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гледаш, не требаше олку лошо да се тепате!“ се осмели да му пререче на Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
НЕДА: Не се нервите. Ти и самиот знаеш дека цела Софија расправа оти го заклал Костова само затоа што му - пререкол?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Јас сум тој, разбери“, ќе му преречев јас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тогаш не ќе можеш да ми преречеш, ниту јас ќе можам да ти го доречам она што секогаш го бараше од мене, оти тогаш ќе биде доцна за сѐ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Чана сака нешто да му пререче, ама наместо тоа со ногата ја истуркува бовчата во левиот ќош кон задната страна.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)