прерогатив (м.)
Единствено против федерализмот стоела „монархијата…, бидејќи федерализмот како последица ја носи децентрализацијата на моќта, како и намалувањето на кралските прерогативи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Заложници на овој мит, водачите, преземачите на власта, си придаваат месијански, спасителски прерогативи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)