пресладок (прид.)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Да ти се позлати устата, ама за слатко немам заби, - рече чичкото па слатко, преслатко се напи вода.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Спијат сите. Во своето креветче спие преслатко и Снежана.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)