пресретне св.

пресретне (св.)

Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Некој потропа на вратата. Јас помислив дека е татко ми и истрчав да го пресретнам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Внатре ме пресретна задушливост и миризма од никотин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се свртев кон мојот адвокат кој гледаше во судијката чекајќи го нејзиниот прв збор и, преку неколкуте ретки влакна на тилот зад неговата речиси гола глава, ни се пресретнаа погледите со Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ме пресретна и ми го пресече патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно ѓуле го погоди востаничкото црешово топче и топчето се распадна пред да успее да ги пресретне со своите ѓулиња непријателите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Сепак вие сте најслаткиот добронамерко што го пресретнале моиве осамени очи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некој рече: не чини да те пресретне олку голем ливот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја пресретна со писмо в раце. Не ѝ се веруваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не се случувало тоа често На излегување од претседателската палата ме пресретнаа неколку новинари и телевизиски сниматели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Грива татка го пресретиле арамиите и сѐ му зеле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И дали допреле сѐ што имало во ситото, вели, да не ве пресретнал некој со празни шејови, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакав да ти влезам во очите, далеку зад зениците, да го пресретнам одразот на восприеменото додека сѐ уште е наопаку, пред да се заврти, пред да ме рефлектира застаната на тлото.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На вратата ги пресретна блесокот на езерото во муграта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Којзнае што ќе те пресретне: куршум или болест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се сретнуваш, ќе се пресретнуваш вака: еднаш ко непријател, друг пат ко друго, така било во животот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе