привлечен прид.

привлечен (прид.)

Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Посебно ми се чини привлечна иако нејасна дури и облачна онаа претпоставка: дека иследникот, во настојувањата да го скрши моето спротивставување и самиот не одбива да дружи со моите размисли упорно следејќи ги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи имаше сѐ што треба да ја краси една привлечна жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чувствуваше длабока привлеченост кон него не само затоа што беше заинтригиран од контрастот меѓу О'Брајановото урбано однесување и неговиот боречки изглед.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да бидеме праведни, почитуваниот судија кого си го замислувам во овој момент како објективен застапник на својата професија можел да ѝ се обрати на поротата и со овие зборови: кажете ми почитувани браќа, кој од нас е спремен да се откаже од привлечната понуда на некоја убавица?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа беше свесна дека е привлечна девојка, но сепак тие довикувања правеа да се чувствува малку непријатно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Привлечноста е во обидот да се прифатат неправилностите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Од училиштето до овој привлечен свет на книгите, наеднаш тука, во дуќанчето полно со мрачнина во која господари незадоволството на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Недозволен пазар со дрога постои, но во него не учествуваат малолетници привлечени од високите заработувачки кои ги овозможува криминализацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Утрата не беа така привлечни, зашто кога ќе се разбудев мама и тато веќе беа отидени на работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во извесна смисла таа не му кажа ништо ново, но токму тоа беше дел од привлечноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Брзо избегав од овој салон. Дури и убавините на Версај не ми се видоа привлечни...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури иако не наполно разбирлив, не барем за сите, и сепак со злокобно значење во себе, како да беше опасно да се држи под јазик, брзо се искплукуваше; секако, сеедно што за некои дојде привлечен и нов, ги присилуваше со магиска закана во себе да бегаат од него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја држеше ламбата високо крената, за да ја осветли целата соба и во топлата нејасна светлина местото изгледаше необично привлечно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На крајот, привлечноста на фракталот влијае врз подемот на интересирањата за науката кај младите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не: Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечна тајна. Драго небо.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го парна мислата дека она што тукушто исчезна не е јава туку сон, толку наметлив и привлечен сон.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе