придобие св.

придобие (св.)

Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И никој не може да ги засака оние кои се вљубени во него, ниту да ги придобие оние кои го мразат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Токму тоа го изнесе на видело македонскиот „национален сепаратизам”, од кое после произлезе и образувањето на „Комитетот за придобивање на политичките права на Македонија дадени од Берлинскиот договор“ во Солун (1893) што прерасна во моќната ТМОРО.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според информациите што ги добивав од моите најблиски соработници, службениот стан Ема го користела за студио во кое ги поканувала своите клиенти, разговарала со нив, ги придобивала и ги инструирала.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој си замислуваше како го полнат нејзиниот град илјадници од оние млади распашани луѓе, што самозадоволно се покажуваат, убави и дрски, и дека некој ќе ја придобие неа, неопитната, ќе ја упропасти нејзината младост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секако, не е тешко да се придобие бројна публика кога сте такви каква што е и таа, кога се смеете на истите работи, кога сте осетливи на истите животни погледи, кога ве возбудуваат исти драми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Напротив, со неговиот добродушен израз, со насмевката која бавно се прелеваше во благи движења на усните, во собирање на густите веѓи, тој успеваше да го придобие, смири, прифати другиот во помирлив разговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Самата Марија не знаеше со што го придоби Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но откога се смеша времево, и особено откако изби војната во Европа, старата книга почна да придобива сѐ поважна улога во берберницава, како да чекала стрпливо само за тоа да се најде во ваков зол час.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се употребуваа последните софистицирани полициски методи, сигурно научени од поусовршени системи во таа насока, да се доуништи „загубената душа”, вратениот емигрант, кога не можеше да се придобие за своите идеолошки цели.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие ќе му го разнесат мозокот на парчиња, пред да му го придобијат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преку претставниците на озлогласениот режим, во секој миг, кога албанските собеседници се обидуваат да го понижат (или да го придобијат) во сугестивното присуство на нивните ликови, тој ќе открива извори на моќ да се противставува.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едно време настапува молк. Потоа, придобивајќи сила на потрес, на надворешната врата се ѕвони.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
За првпат успеа да го интернационализира палестинското прашање, да придобие и голем дел од американската јавност, која дотогаш ова прашање го сметаше за маргинална бегалска историја, како многу други во Америка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку се смирив. Додека гледавме фудбал на телевизија Бреза се обидуваше да ја придобие мојата наклоност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се поставило прашањето за печатна пропаганда, со чија помош би требало да се придобие барем дел од општественото мислење и да се ангажираат и други кои што би сакале да прифатат таков вид борба против странскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја придоби. Со целиот однос кон неа. Кон нејзините сестри. Кон мајка ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред Орце да тргне за Македонија, тие решиле да го викнат и да го придобијат за своето дело Димитар Мечев, кој во тоа време работел во рудникот Перник.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе