прилично прил.

прилично (прил.)

Сторив неколку чекори и се свртив надевајќи се прилично глупаво дека ќе успеам да откријам што видов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Можам и сега да тврдам дека пораката на неговите зголемени очи заради прилично мрачниот ходник не беше заканувачка или непријателска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мора да е некаде околу тој датум, зашто беше прилично сигурен дека самиот тој има триесет и девет години и веруваше дека е роден во 1944 или 1945 година; но сега беше невозможно да се утврди каков било датум во рамките на една или две години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не ти е прилично во униформа да бидеш труден.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сомнението што се роди во мене во врска со однесувањето на човекон од приказната кого го повикувал гласот на жена му ме поттикна да напоменам дека несреќникот веројатно заскитал во оној напореден свет воден од прилично сериозен привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ја отвори вратата, сега без изненадување, го здогледа својот прилично помлад колега Никола Гологанов кој му беше еден од ретките пријатели со кого со предизвик и задоволство ги споделуваше своите либерални сфаќања во текот на децениите на строго контролирано мислење и говорење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
86. Оние карактеристики кои Мисирков ќе ги повтори и кон крајот на својот живот бездруго се однесуваат на бугарските студенти во Русија, кон кои беа приклучени и некои Македонци коишто навистина беа во поголемиот број опфатени од социјалистичките идеи и, според тогашните сфаќања, се однесуваа прилично нихилистички кон националното прашање воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Паметам дека се чувствував прилично сакато кога го извлече од панталоните патлакот, подготвен како за парада!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред се тоа Силјан си патувал со голема надеж да најде некоја трага и до кај пладне го изодил угорното, та се качил на планината и кога се опулил натамо, видел едно поленце опколено со планинки и ридови, прилично како Прилепското.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Му изгледаше прилично лесно изводлива иако не безопасна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Амбициозни се прилично храбри и болно упорни.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Прилично тешко ги утврдуваш разликите што ти го скокоткаат љубопитството, отворено ми се ругаше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ е подредено како во аптека. Доволно е осветлена и е прилично чиста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сетив дека тој миг беше проследен од секавицата на задоволството што помина по нејзиното лице; а ваквото чувствување на моментот беше означено и со успорувањето на нејзиниот чекор кој и без тоа беше прилично бавен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, на оваа поголема оддалеченост од настанот, помислувам дека бев прилично пристрасен при одредувањето на степенот на нејзината вина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На децата прилично им се допаѓаше па ја задржавме. Беше одлична готвачка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во најголем број случаи се меша со прилично нештетни супстанции, иако повремено се наоѓаат и доста токсични материи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во деновите на запознавањето, неговата "изместеност" ѝ се чинеше интересна иако пројавите на таа необичност ѝ штрчеа, барем онолку колку и роговите на полжавот: постојано подвижни и променливи како и нивната прилично несигурна вљубеност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе