прискокне св.

прискокне (св.)

Освен тоа, за голата живеачка му прискокна на помош и младата сопруга, која како среднистка се измоли за работно место во филијалата на едно претпријатие од нивниот крај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прискокаа децата за одмор, прискокаа и двете близначки, но дали да се смееш, или да плачеш: како волови секоја со главата тргаше на своја страна.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Чекај,“ прискокна одново тој, „ти сугурно ништо нема да разбереш колку и да ѕуриш во книгата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ова е барем јасно: кога посакуваниот полусон, некоја опиеност предизвикана во длабочините, како да е од мока, со еден трепет, дрско, ќе и прискокне на свеста? кога, за жал, ќе бидеме испалени во вис, кон светлата?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)