притекне (св.)
Но токму нашите сметки не им даваат на европејците можност да му притекнат на помош на мирното население.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Луѓето се прибраа, и бидејќи останаа без водач, и не помислија да им притекнат на помош на опсадените.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Ви се молам! – велам. Хм, ми притекна баш сега.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Биновци им притекна на помош самиот нивни анџија — „Бугаринот“ Мито, со сите Јенималци од Битола; на Дима — неговиот „Грк“ Крсте Нале, со сите џамбази и Власи од атпазар и токму на местото каде што Турците го обесија Алекса Турунџа се отвори „муаребе“(Војна).
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Остануваа само кофите и копаничината, а тие и тука савезден си стоеја таму - за да можат, ако им притекне, да се напијат вода старците, децата и намерниците.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)