пријателство ср.

пријателство (ср.)

При надворешното пријателство на Русија, тие не можеа да се примират со мислата зошто руските конзули во Македонија да ја подржуваат српската пропаганда таму.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Семејството и искреното пријателство со Татко остануваа последните пристаништа на неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас не можев да бидам сигурен за вистинските причини на доверливата отвореност, длабока искреност и непосредно пријателство на големиот палестински раиз, кога и самиот бев на крајот на мисијата на една земја на која се наѕираше блискиот крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Мала колекција од дарови, израз на љубов и почитување, пријателство...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Пријателството на двајцата антихристи го разнебити попот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога од студ поради туѓиот суд пукаат пријателствата, раскажувај ми за огнот. Ќе ме топли пркосот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Најверојатно сега пријателството оди на втор план.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Под црногорицата луѓето се раѓаат тврдоглави и умираат такви, И не им останува друго туку или да научат да живеат заедно, во пријателство, или пред време, пред тоа да го стори природата според свои тајни закони, да отидат по ѓаволите, не еден по еден според предвиден ред туку сите наеднаш, Со еден крик од кој ќе се уриваат карпи, ќе пукаат глечери и ќе се отвораат зараснати вулкански рани.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како да не постоеја моите дипломатски мисии, моите пријателства ширум светот кои можеа да бидат од интерес за малата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По ваква парадигма на вистинското пријателство трагав и во моите дипломатски години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секој чекор без стапки низ виртуелен свет на задоволство, ткаеше еротично пријателство, на маѓионичарски подвиг...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во партијата најмногу ги чудеше и ги загрижуваше дружењето и пријателството на Чанга со татко ми. Тоа им беше трн в око.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Александар никогаш не отиде, малку од мрза, малку од тоа што му беше непријатно да игра улога на социјала која фаќа ситен ќар од пријателството со ќерката на гардиски полковник.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Фатил пријателство со мулазимот од кашлата, со ќатипот од конакот, та дури и со стариот Мудур Арслан — беј; и зошто овие ќе го искористат овој млад човек ако не за кодошлак кај мариовките?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас отидов да го побарам Едо. Стар пријател, мани бизнисот туку и затвор заедно имавме лежено, а поголемо пријателство од затворското нема, како да не го побарам!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Никогаш повеќе нема да бидеш способен за љубов, за пријателство или за радоста на живеењето, или да се смееш, или да бидеш љубопитен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе