пробуди св.

пробуди (св.)

Што бара тагата издајничка во очите Еден нем допир зар пробудува едно болно врискање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Реките од живи и пробудени сили на копачи копачки и страдни голи гладни по целата земја!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Колку тешко сум ја пробудила рамнодушната и длабока дремливост на очите што ме гледаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Станав да направам некакво движење, да се пробудам од светот на мојот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мислам дека во некоја доба ме пробуди глас што пред тоа го немав слушнато, но веројатно беше мојот бидејќи открив дека плачам во рацете на другарката Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Според гласините од другата страна Бог и него не го поштедил и Шарон ќе падне во длабока кома од која нема никогаш да се пробуди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пробудете се морни копачки и копачи - на трудот црн народ!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Очигледно никогаш немаше мирен сон, кога се пробудуваше изгледаше измачен и длабоко несреќен, претепан.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во сред размислувањата како да ме пробудија тоновите од музиката.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се пробуди, иако знаеше дека нема ништо на столот до него, сепак ги пружи рацете, посегнувајќи по фигурата на старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Следното утро кога се пробудив отидов во дневната соба. Таму немаше никој.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Туку некоја рана изутрина ќе ве пробуди она слатко ѕвонкање на коњчето, тоа негово непрестајно весело мрморење, потпевнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа утро јас бев присутна во нејзината близина, и бев будна кога, откако сонцето ја пробуди, се сепна во сонот, протрлувајки ги очите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Го пробудија петлите успаното сонце на сеното.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Кејтенов сине, сакав да викам, Кејтен пријателе, сакав да го пробудам бегај од домот тие ќе те убијат!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
КУМОТ: Песна ја признавам онаа што кога ќе ја чуеш, дури и срцето ако ти е заспано да ти се пробуди. Ете тоа е песна!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе