продре св.

продре (св.)

За телепатијата би прокоментирала дека е една од поестетските функции на мозокот до кои само мал број луѓе продреле.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По неколку минути крвта продре преку газата и Дејв внимателно ја отстрани.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа беше со аур во приземјето, полн со ѓубре и сламиште останати од времето кога Веговци тука чуваа добиток и со беличести скреби што однадвор имаа продрено внатре и каде што сосетските кокошки несеа јајца со надеж тука да ги лежат, но со кои се хранеа змиите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не можеш да ја видиш опачината, не можеш да продреш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во пролетен самрак монах ги благослови луѓето кои влегуваат во храмот во кој, освен светлината во нивните очи, ниедна друга не продрела.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вклештена меѓу рабовите и железната рамка, таа го притискаше своето тешко тело во ѕидот и ја спречуваше светлината да продре во ќелијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го задржуваше на своите прозорци и ѕидови чадот што сакаше да продре внатре, за да им биде попријатно на двете деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мофашите успеале да продрат преку Бигла во Був, во Герман, ни ја фатиле целата граница кон Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Држејќи се со обете раце за половината, човекот полека се свитка и клекна на коленици, се обиде со уште еден напор по тој напор да продре со влажните очи во темницата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа негова немоќ да продре подалеку од стварноста во која живеат луѓето во него предизвика таква тензија поради која тој почна да станува раздразлив, додека таа во тоа време почнуваше да дејствува сѐ посмирено и постабилно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На англиски јазик, од некој филм, со преубав глас на Бинг Крозби, меѓу кои и „Месечината продре во моите очи“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја гледав во тие мигови, сакав да продрам во нејзината душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Појдовме полека без да проговориме. Млади бевме и нерасипани а она што го претчувствуваме за Кузмана беше тајна во која не можевме да продреме наполно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дедо најдлабоко продре во разбирањето на суштината на границите, свесен за последиците во животот на неговите потомци.
„Граница“ од Луан Старова
Покрај целата професионалност и регуларност, дизајнот мора да продре и во областа на неодгатливото.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе