продукт (м.)

Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Како по договор и едните и другите решија да се фаќаат живи на цуцката (или во краен случај да се колат со штиковите) кога ќе дојдат да клаваат мамци, одговори на најдените книжулчиња и разни продукти, без да стрелаат едни на други, бидејќи началството ова општење го забрани строго.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Локалното население ги преминува за да купи поевтини или подобри продукти или услуги од другата страна; трговците ги искористуваат разликите во цените и даноците; криумчарите внесуваат незаконски стоки и луѓе, а „револуционерите се кријат зад нив, барајќи заштита од другиот суверенитет.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Поводот што ја предизвикал така силната емоционална реакција е победата во shopping натпреварувањето во кое се добиваат неколку стотици долари и количка со прехранбени продукти.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од интимно исповедните ноти како продукт на човек кој припаѓа на редот на авторите во егзил (од 1938 година ја напушта Романија и живее во Франција), она што ми остана во трајно сеќавање е ламтежот од натисокот на проблемите од егзистенционален карактер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Компирите се домашно производство на дедо Ивана, кој ја садеше секоја година со нив својата пространа бавча, - тие се еден вид основен продукт на народното стопанство на неговото подрачје.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Наскоро, кога почна да ја испраќа па и да оди со неа, офицерот им носеше дома по некој пакет прехранбени продукти од специјалната продавница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е оттаму што некои од продуктите во нитритот што влијаат на метаболизмот, се канцерогени и поради фактот што, како и повеќето дроги, го ослабнуваат имунолошкиот систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можејќи да откријат кој ги организира луѓето да не даваат продукти за војската, да не ги извршуваат нејзините заповеди, командантите ги претепуваа или ги истепуваа повидните мажи, ги палеа куќите и копите, ги грабеа добитокот и живината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден од марифетите беше и правење „мечка" и играње со неа по селата или пунктовите каде што имаше Германци, а особено нивни складови со продукти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Секој земаше толку за да може да мине едно деноноќие, а и зошто повеќе да ја натрупува, торбата - треба да остави нешто и за својот собрат, а и не му треба повеќе, и утре, пак кај „Халите“, ќе има „продукти“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа значи дека дрогата поттикнува изменети состојби на свеста, во суштина единствени, а патиштата до нив се различни, според тоа, и творечкиот процес не е посебен продукт на психофармаколошкиот ефект на дрогата, туку е само поттикнат на своевиден начин, исто така како што може да настане спонтано, како што и најчесто е случај во творештвото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според него, марксистичката идеологија е најразвиена и најприсутна идеологија во дваесеттиот век, најизграден примерок на идеологија; уште повеќе, марксизмот, како продукт на западната мисла „го задржува легитимитетот не само да биде изучуван и интерпретиран, туку и сѐ уште да биде инспирација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се разбира пред него се направив незаинтересирана за тоа што донесе тој, и каде го остави, но едвај дочекав по попладневниот одмор да излезе да купува продукти за утре за ручек.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Нивната вредност е во целост продукт на нашата интеракција со нив.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Она што е цел на анализите во таквите студии е самиот продукт, крајниот резултат од процесот на преведувањето, но не и самиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имено, познато е дека во 1915. Duchamp со псевдонимот R. Mutt сигнираше една клозетска школка - типичен продукт на индустријата на санитарни уреди, произведена во фирмата Mutt.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лекторот дури тогаш може да ја оцени компетентноста на преведувачот, со посредство на продуктот на ЈЦ.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе