продупчи (св.)
Под него остана локва крв и Толе виде дека палтото на убиениот беше продупчено под двете мишки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога почна црквата да се поправа од гранатите што ја продупчија, се реши да се направи и нов иконостас на местото на стариот што изгоре.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Почна да тоне во некаква млакост, во која сите работи добиваат некоја чудна извртеност, некоја лудечка испреметканост, а пред некој негов внатрешен поглед, кој остануваше постојано да дебне и во тој полусон, кој беше исто така негов и исто онака вистинит, тој се прегрнуваше со некои двајца луѓе, што требаа да заминат, а веднаш потоа ги гледаше оние двајца како застануваат крај патеката, како дрвјата, пренатрупани со окит, од кого веѓите им беа сосема бели, а со него се прегрнуваа сега и исчезнуваа полека по снегот нагоре, едно по друго, сите тие дрвја, а тој им намавнуваше ним со рацете, со сите свои десетина раце, од кои како бели перници се стреснуваше некаков окит, а за сето време некој некаде продолжуваше да го дупчи тоа, да го пробива, се мачи постојано да го пробие, со некаква долга шилка, бела и цврста како заб, како од слонова коска, но она се надига пред таа шилка и таа ниеднаш не успева да го продупчи...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пустата кременачка на Кулета, полна со волчки сачми, му ги наполни бутовите; па дури и десното уше беше го продупчила: таман за обетка да носи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дупката што ја продупчи бомбата, не беше голема. Ама беше направила кијамет во визбата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Подоцна со казми и копачи беше продупчен вагонот и беше одлостена вратата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Струја од болка го продупчи и му се смести во слабините.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)