прооден (прид.)
Зимите студени и со многу снег и виулици кои создаваат високи и тешко проодни намети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во друштво со неа крај морскиот брег, брановите звучеа како погонска сила за неговите чувства, дуваше освежувачки солен воздух со блага доза на афродизијак, добрата риба беше предобро приготвена и белото вино толку лесно му се лизгаше низ грлото правејќи сѐ пред него да биде рамно и проодно до бескрај.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Е, де ене каде е Кочани! Сите главни и регионални патишта се проодни.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Сан Диего е она место каде што учителките на девојчињата им ги запрегнуваат здолништата за да проверат дали не носат лесно проодни гаќички...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека, пак, во есен, зима и пролет, до доцна, двата пата се калливи, или замрзнати, и тешко проодни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првиот, Игор Стравински, со години пред да се случи големата опсада, а вториот, Јосиф Бродски, многу години откако како одвај прооден ја преживеа големата опсада на Ленинград.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
За време на зимата патот не беше никогаш прооден и селото буквално беше изолирано со малкуте стари лица по куќите.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)