пропатува (св.)
Од двете страни е на грмадата од планини , повеќе во карпи одошто во красти, меѓу нив е бунарот на небото по кое се расцветуваат и прецветуваат од облачиња во пропатување, а ти си сред еден усој во кој сонцето само ќе наѕре и зиморливо ќе се скрие.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Низ Македонија Христов пропатувал пет и пол месеци, придружуван од писателот Владо Малески и од други културни дејци.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некаде на своето пропатување др. Лири се запознал со Вилијам Гибсон (William Gibson), писател на научна фантастика, комушто му се припишува дека го основал сајберпанк (cyberpunk) движењето.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)