проплаче св.

проплаче (св.)

Дошол и еден Турчин, ме кренал в раце и рекол: Ова е женско дете, ама машка душа носи и од него сите ќе проплачете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тука, јас се надевам, дека наскоро и мајчиното млеко ќе го проплачите... Војска сте!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од кучката на мојот пријател проплака цело село.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пропиштеа, проплакаа и се зачипчија за децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
МАТЕЈ: Не приплачувај. Ништо не ти верувам. Ти нема да ме научиш што морам да правам јас!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Сите реки ќе проплачат, сите планини ќе се навалат, и езера ќе пресушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ВЕРА: Кога пак тато умре и беше продадена нашата куќа и бавчата, мене ми беше страшно навредливо, што некако како додатно се продава и сѐ, сѐ што беше во аглите на куќата и на бавчата потшепнато, на шега кажано и проплакано.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Изгореа Баница, Невеска, Крушево и стотици села; проплакаа илјадници мајки, жени и деца, се наполнија затворите со илјадници невини граѓани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа плачеше толку многу, си ја проплака целата младост, целата среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Дуковци не се шегачат, - рече дедо Димо, кој беше седнат и ја клепаше косата. - Ќе проплаче тревата!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Точно е дека од тој нов живот што тој го средуваше имаше и такви поединци кои проплакаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те паметам, Маноле, му вели Оливера Поточка и му приплакува на рамото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замислете си, под управата на румелискиот беглер-бег има харачари петстотини и педесет илјади, значи петстотини и педесет илјади рисјански куќи кои ќе проплачат кога ќе се тропне на нивната порта и за огниште да им се земе по дукат и половина, и повеќе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Најверојатно дека никој од беговите некогашни пријатели, оттуѓени од неговата сурова алчност, не проплакал над неговиот гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)