пропушти св.

пропушти (св.)

Јас сум задолжен да ги пропуштам оние со покана. А вие, забележувам, таква хартијка поседувате“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Венчалната церемонија беше завршила и високите врати на катедралата се отворија да ги пропуштат зетот и невестата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И по кривите вади да пропуштиме води за оризите млади и зелени лободи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Светкаат ко свртени метални парички и го пропуштаат сонцето кон нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можела да влијае во формирањето на нејзиниот карактер, а имало случаи кога се одразувала и на нејзиниот изглед , не пропушти да нагласи Борко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За да се ослободат Бугарите во Горна Бугарија, што се одделува од Долна со Балканите, 146 доста е да се истепаат византиските гарнизони во неа и да се фатат од нив дервените за да не пропуштаат нова византиска војска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука, под замаглената светлина на батериската светилка, ги проверуваа воените и офицерските книшки и потоа со тивко шушкање се подигнуваа гранките и ги пропуштаа дојденците во тунелот осветлен со две газиени ламби.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Речиси никој не ја делеше нејзината пасија, поконкретно, опсесивност со точноста, бидејќи времето го сметаше за нешто што ѝ причинува најголема тегоба доколку пропуштеше некој интервал или имаше некоја важна секвенца во која таа не беше директно инволвирана.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тој жалеше, тоа еднаш му го рече на татко ми, што не научи да чита уште како дете, велеше дека пропуштил цел еден живот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зад еден голем камен стоеше стражарот. Тој ги позна и ги пропушти.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кажи ми што уште си загубил или пропуштил за овие десет дена?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остануваше само нејзината уста што пропушташе по некој лаф, ама и тој лаф како да не доаѓаше од неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Си помислив, добро е ќе одморам малце, а притоа нема да ме мачи помислата дека ќе пропуштам уште еден ден сончање и пливање.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мурџо и Пелагија во исто време ги насетија и заедно стигнаа пред вратничето за да ги пропуштат внатре.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Петок Јуни Животот е забава која не смее да се пропушти, а забавите, вистинските забави, траат до доцна, до доцна во ноќта, дури до утрото, а утрото се буди уморно од долгата непроспиена ноќ.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Господ не пропуштил да им ја спомене на другарите и онаа многу битна поединост, дека сум се спротивставил на неговата намера слушнатиов разговор да го пријави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе