протина (несв.)
Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Цел живот ја протињам раката низ газ од кокошка, ја фаќам за клунот и ѝ го извлекувам клунот низ газ. Се валкаат рацете тука.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ќе ставеше во торбичката леб и вода, и штом трубата ќе писнеше за спиење, тој низ жиците се протинаше и лазеше низ тревата како дождалец додека се оддалечеше од касарната, и спраштуваше да го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Промени неколку служби во разни држави, а својата цариградска диплома за завршени правни студии, со адвокатската лиценца, како низ иглени уши ја протинаше низ четри режими, односно минуваше четри граници: Ататурковиот во нова Турција, монархискиот на кралот Зогу, окупаторскиот на Италија и социјалистичкиот во Југославија.
„Граница“
од Луан Старова
- Потивко, еве ги, го прекинува Капсула и ја протина цевката низ френгијата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Збор станува за тоа дека животот е протинање низ иглени уши Некој непознат нè држи цврсто за вратот нишани во увото на иглата и говори суво како да чита од Светото Писмо: Не дишете додека ве протинам приберете си го јазикот Цврсто затворете ги очите Протинањето подразбира гаснење на светлината Протинањето е патување низ мрак И не спомнувај го повеќе спокојството Мускулите нека спласнат Помислите нека исчезнат И заземете став на птица пред летнување Сѐ друго ќе биде запишано на вашата кожа со ваша крв.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)