прпелка несв.

прпелка (несв.)

Во новово време сите сме на работ на нервите и живеачката сѐ повеќе ја доживуваме како синџир од неуспешни реформи во кој ни се препелка чекорот кон лесно ветената иднина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Со друг се прпелка по душемето и си го поти газот од рипање.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А на крајот од улицата гледаме двајца се прпелкаат во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Французинот и Англичанецот молчеа, и со чашите в рака гледаа во мрежите низ кои одвреме-навреме сонцето се заплеткуваше: личеше на светлива риба што прпелка фатена.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Неподготвена за поигрување со степенот на толеранција, се препелкав во мрачно претпазлива неизвесност и колебливо погледнав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Едни зборови веднаш потонуваат на дното на сеќавањето, други зборови се препелкаат во виорите на стихијата, трети зборови се одмараат од преголема употреба.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зар некаков демон кон пропаста стрмна нѐ турна. Браќата мои под ридон ко рибите насуво тогаш во борбата бурна, да се прпелкаат видов.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зглобовите му се оптегнуваат и го тегнат сиот напред, го чувствува срцето како се прпелка во градите и сака да искочи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Завлегуваме во клисурата: Вардар ко забркана риба се прпелка меѓу поснежените брегови.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тоа се прпелка под мене...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И еве неколку денови доаѓа таа на прозорецот, се прпелка, лази по стаклото, зуи и бара пат да дојде до цвеќето.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа се прпелка во правта, клоца со нозете и колне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го оставивме да плута, прпелкајќи се тромо во темната вода.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На крај го фати за врат еден ‘рмпалија, за да му остане нему што беше од републичко ниво во рацете само кожурецот, а тој да се прпелка како бубалка потаму по затвори, судови и логори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се кубат, се кинат и се прпелкаат во снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прпелкаат така жените, ја метат правта од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе