птичји прид.

птичји (прид.)

Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А има орди со терсене табиети, како што на секое ветробранско стакло на автомобилите има птичја гнаска.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Можеби тоа несовршено палто на Поетот нема задача да го прикрие неговото торзо од птичја кобилица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во суштина селото наликуваше на птичје гнездо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Птичјите очи на клунестите лица им солзеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш се случи. Зад некакви изглодани карпи со дамки се појавија двајца на чии лица претчувствував клунови и птичји очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
11 НАВАЛИЦАТА што трчаше зад камионите го турна и така остана до првото птичјо пеење.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За непочитување на законот, и за бесправно вселување во туѓ стан, Околискиот птичји суд донесува решение, прекршителот, врабецот Џивџик да се протера од овој крај.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потскокнувам во снеможено птичјо лебдење во куцато одолговлечување ко неуко детско чмаење ко неуморни прсти на темето, на половината ти ах, ти театарска гасеницо фатена во бегство.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Или, на друго семантично рамниште, кога во истата приказна истиот јунак, предок на махараџата Раџнапур кој уште во 1521 година се расправал со ајдуци, ќе му претскаже на нараторот дека „по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку понајчесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуват, здрави ќе излегуваат“ - што друго значи тоа освен дека нараторот ќе стане поет и дека со својата поезија ќе ги лекува луѓето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На самиот врв се наоѓа планинарскиот дом изграден во вид на кула, со прекрасна глетка кон градот Скопје - како што вели - од птичја перспектива!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Трајче ја слушаше птичјата песна, шумолењето на гората и гргорењето на реката.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со возбуденото ревење на некој што прв се разбудил во ноќта , со шушкавата химна на пламенот, се мешаат птичји крици и засипнато кучешко лаење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мене ми рече оти по две години ќе оболеам од птичја болест и оти не ќе говорам, туку поначесто ќе чурликам и чурликот ќе го запишувам и од него ќе направам книга во која многумина болни ќе влегуваат, здрави ќе излегуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Станичен перон во птичја перспектива. Сивило на есенски ден, некакво синкаво испарување и едноличен, речиси зарипнат женски глас: ВОЗОТ ЗА БЕЛГРАД ПРЕКУ КРАЛЕВО ПОСТАВЕН Е НА ТРЕТИ КОЛОСЕК.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Славејот, пупунецот, врапчињата, фениксот, колибрито, сето тоа птичје царство станува огромно гнездо - упориште од кадешто жиците на виолината емитираат звуци. Патешествието е веќе во тек.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како да лежел врз созвучие од птичји и ангелски песни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
СИТЕ НИЕ САКАМЕ да излеземе во природа, да најдеме; негде свежо, чисто изворче, чисто зелено полјанче, пријатна сенка, па да се одмориме, да се надишеме свеж воздух, да се наслушаме милозвучни птичји песни, да се нагледаме убавини.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Наслушнувал, чул. Извик, потоа шушкање во тревата и птичје мешколење на гранките зад куќата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе