рабински (прид.)
Тој ќе проведува часови и часови на рабинската конференција, а таа не е ни многу подвижна, ниту снаодлива во други места. Рабинот ги затвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И конечно, поенатата: „Ќе го преземам рабинското место на Солун на Лаг Баомер15 во 5683 (1933) година и се надевам дека ќе бидам рабин кој ќе воспостави брак помеѓу Евреите од Истокот и Евреите од Западот, кој ќе ги обедини во единствена нација на Израилот, за благосостојба на нејзиното духовно постоење и напредок, како во егзил така и во земјата Израелска”. 16
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И Романиотите и Сефардите, значи, се населиле таму, и во градот Битола, вториот, а во рабинската историја и првиот по значење балкански град. И покрај значењето за историјата на неговата синагога, рабинот Елеазар бен Цви го немаше посетено балканскиот град по кој таа е именувана.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)