радост (ж.)
Ама луѓето ракоплескаат, си ја разбираат радоста.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се држиме за раце, ко ученички што добиле петка и цел пат се подмочнуваме од радост.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мајка ми и сестра ми ќе препукнат од радост. А поручек сигурно ќе ме поведат в кино а може и во слаткарница.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Добар ден, - ширам од радост раце.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Имам пријатели, но само еден така и радост носи и светла човечка мака.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Немаше друг со кого можев да ја споделам радоста од таа мала дипломатска среќа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И секогаш да ја носиш таа прекрасна насмевка на лицето, на која, сигурен сум, и птиците ѝ се насладуваат и надалеку низ песна ја раскажуваат, и ветрот со радост ја пресликува насекаде, во секој облак и поток, во секој морски бран, на површината од секој океан, облагородувајќи го ликот на земјата со тебе...
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога го виде се враќа без униформата, воскликна од радост: - Добре дојде дома домаќине! – му рече веднаш при првиот поглед во дворот, кога изненадена од глетката се порадува.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Графити ѕид Ѕид што се гради Ѕид што се урива Непознат ѕид Ѕид за поклонение Ѕид ковчег Курвин ѕид Замислен ѕид Ѕид на радоста Ѕид на ужасот
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Си го слушаш само безгласното плачење од радост дека пак си се вратил меѓу живите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Тоа беше богато, полно крстосување, вистинска радост. Но сега веќе не можеше да лета ноќе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ме запре со некој страв и радост што ѝ стоеја заедно на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ах, таа волшебна птица на радоста која на животот му се свети - живеејќи го!
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И нека е само поради таа нејасна радост на која не можеме да ѝ ги видиме очите, Иван Степанович ја заслужува нашата длабока почит и благодарност“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па чувствува секој снег додека вее како бела радост во срце го грее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Да, си дозволуваме да живееме во радост, пред да нѐ зграпчи несреќниот крај на козите, не сакајќи да ги пропуштиме последните мигови среќа со нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)