разбесни (св.)
Токму тогаш да намине таму и да ја најде својата невеста како руча со друг маж, кога таа требаше да биде дома во својата кујна, тоа беше доволно тој да се разбесни, а уште повеќе да влезе таму и да ја види како се држи за рака со друг маж.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но езерото како што се разбесна, така и се смири.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Последните зборови на Рада уште повеќе го разбеснеа разочараниот пастув.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Служителот не се огласи. Тоа ме разбесни и јас затропав уште посилно, сега веќе само со нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тато толку се разбесна, што акушерката која ме породи се збуни и започна да ме втурнува онаму, од каде само што излегов.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овие зборови ги разбеснеа трите сеирџики кои за првпат ја почувствуваа подредената улога.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Да, ене ја, се зададе и лисицата. Се озабила, се разбеснала, трча по зајачето и сигурно наскоро ќе го фати.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тогаш татко му на Бузо се разбеснил и ја удрил со стап по главата... ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дресерот разбеснат за смртта на кучињата, го зеде мртвото тело на Јандро и го фрли на кучињата да го јадат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сепак, најстрашно беше кога ќе запенавеше, кога без никаква причина ќе се разбеснеше и ќе фатеше некое дете да дави.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во првиот момент, Хелвиг се разбесне.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Можеби тоа што го реков можеше да го разбесни, бидејќи можеше да биде примено повеќе како сожалување, отколку како нешто друго.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)