разбркува (несв.)
Сирената свири, ги разбркува луѓето од улиците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лелеј! Лелеј, лелеј, пиштам јас, си ја кубам косата се разбркувале во врбушките, нашле крстици со пушки, со ножеви, со матерки, со куршуми и што ти не. Небаре капици сено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брзата струја го поземаше, го вртеше околу коренот на врбата, го пикаше во муљта долу, само не можеше да го излаже, тој ѝ ја дозволуваше на струјата таа игра само затоа што му беше убаво, оти му ги разбркуваше сите мисли од главата, остануваше само една: да не биде прелажан, навреме да насети кога таа сака сосема да го сплетка во жилите на врбата или муцката да му ја напика во тињата, ама тој тогаш со едно турнување со нозете и со едно замавнување со рацете како ѓуле излетуваше на плиткото веднаш зад врбата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во меѓувреме, огромната камбанарија ги разбркува птиците.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Оти кога ќе посакаат да се засили ветрот за да успеат да се симнат до земја, тогаш пак неговиот силен здив ги разбркува златниците наоколу, подалеку од нивниот досег.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)