разведрува несв.
разведрување ср.

разведрува (несв.)

— Ај, да видам, велам и ми се разведрува лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и кога се ставаа покривите на куќите и се вееја новите алови шамии, чорапи и ризи, и со викање, да чуе цел град, им се пожелуваше среќа на дарителите и обилно се пиеше бела гроздова ракија, дури и тогаш Аргир не разведруваше чело и не се насмевнуваше, да отпушти благ збор.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Циљка сврте глава на спротивната страна и сега виде како отаде трапот - небото почна полека да се разведрува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сега неговото лице се разведруваше, се враќаше јасната синевина на неговите очи што и нас нѐ смируваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го разведруваше и на друг начин го засилуваше гласот кога ја споменуваше Партијата и нејзината акција во атеизацијата на земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)