развика (св.)
Му иде да се развика, да проколнува и да пцуе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во Антиохија, не можејќи веќе да издржи, му се развика дека човек не треба да се придржува кон Мојсеевиот закон или да биде обрежан како Евреин за да се помири со Бога, туку дека може да се спаси само преку спознавање на својата грешна природа и верата во Христа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ја очекував домаќинката да излезе од тесната врата и да ми се развика, потоа да отшантрачи кај моите дома и да им бара пари за прозорецот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Командантот се развика, а политичкиот рече: - Што си мислите, вие?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Најпосле и камионот запре. Еден меѓу нив замавта со рацете и гласно се развика објаснувајќи им нешто на војниците.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во тој момент истрча од продавницата за зеленчук продавачот што ние го викавме „Пиљарот“ и се развика: - Што правите, копилиња, само ако ве подграбнам, пердуви ќе летаат од вас!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Војниците развеселени се развикаа по капетанот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Најпосле, поттикната од неговата замолчаност не можев да се воздржам, се развикав: „Проклет да си Руски, не мора се да оди по твоето; најважно е автомобилот да не излезе од дворот, бидејќи потоа никогаш повеќе нема да го прибереш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но дали од што се удри при паѓањето, или се престраши да не почне сега и да го тепа, тики се развика божем тој го турнал и за час дворот се наполни со луѓе, а меѓу нив и двајца заптии, па нему не му остана ништо друго туку да избега.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И ги гледам камионите, толпата растрчани, развикани и расплакани луѓе, ги слушам викотниците, лелеците, плачот, колнежите...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Мамо, мамо! - се развика Милка уште од вратата. - Тука ли си?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И машко и женцко, и старо и младо да се соберете на вигнатааа...!!! - викаше телалот, ама му се истопори дедо Наќе и му се развика: - Аре, пезевенк, нели ти реков на вигната да се соберат само машките, а?!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Тој е претставникот на Социјалдемократската партија? - Ако, ако е! Ама што се развикал!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тогаш се разлути поп Цветан и му се развика на Јандрета, и им се развика на комитите, на војводите и на сите жители на Потковицата дека тоа што го прават со попот српски не било ни човечко ни божје, и дека тоа го правеле ѕверови а не луѓе, сеедно кој бил попот српски и што правел.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еднаш, мама му се развика на Зоки: - Каде си досега, денгубо една!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Дедо Костадине, дедо Костадине, дедо Костадине! се развикаа сите, ама вагонот остана без одѕив.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Да го викнеме Штурчо! Тој е добар свирач. - Штурчо! Штурчо! - се развикаа мравките.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му се развика Коле. - Пушти го, - реков.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Таму, пред Агрипа, од сите што го слушаа додека раскажуваше за своите проповеди, стана само Фест, но наместо да го поддржи, гневно се развика: „Си побудалел, Павле!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш приседна, видно уморен, но не преморен, па Евдо помисли дека ќе му се развика што не понел уште една касета, но сонцето веќе безнадежно заоѓаше зад сртовите и од падините слегуваше самракот како привидна маглина, па Геро само рече колку да си ја продолжи улогата на водач на екипата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)