разврзува несв.
разврзување ср.

разврзува (несв.)

Обично јазикот им се разврзуваше при добиената партија покер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го разврзуваше крпчето, и се покажуваше што има во него: неколку ситни гранченца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека алкохолот ги разврзува јазлите и ги кине инхибициите создавајќи ексцитации и добро расположение во друштвото, и привидно подигајќи ја душевната и телесната снага на опиениот, опиумот омамува многу посилно и ги отстранува непријатните впечатоци, предизвикува еуфорија, која стреми да се проживее во осаменост, потиснувајќи го истакнувањето на личноста“ (Flury).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разодврзувам, ја расплетувам косата ко улера - како што ми рече Уља - и, ајде, тргнувам околу гропчињата. Ќе пеам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја пикна раката во појасот и извади едно мало шамивче, го разврзуваше полека, толку полека, што мене веќе трпението ме напушташе, па веднаш викнав: - Дај да ти го одврзам тоа! Што се мачиш!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)