раздробува (несв.)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таму нашите каурски царови извадиле голема војска да се бие со Турчинот, но како рекол господ да ја загубиме царштината, од сите парчиња на кои бивале раздробувани Турците никнувале нови Турци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Под него најде еден слој црвена земја, што беше сосема сува и се раздробуваше во црвеникава прашина, а под неа се откопа сламата, од која тој внимателно ги одпретуваше компирите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Северњакот сега удира во бранови, ги меша облаците, ги раздробува и распарталува и ги развејува по ноќното небо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)