разматува (несв.)
Пред очите ми се разматува црнината од попот и ме легнува, ме покрива.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но тогаш калта повторно се разматуваше и веќе ништо не можеше да се види.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од врелите солзи што ми го разматуваа погледот не можев да му ги видам очите, сепак наслутив дека се сиви, вкочанети.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, не многу после тоа од својот прозорец Змејко можеше да гледа како неа ја истуркуваат, разматувајќи ја, едни црвеникави, осојничави ветрови, што избодинуваа како незадржлива пепелничава коњица од северното небо, внесувајќи некој токму таков пепелаво-модрикав немир, во оние бездони пробиви, што ги оставаа по себе во исковитланата и наеднаш сосема поинаква, плаховита смиреност на облаците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)