разумен прид.

разумен (прид.)

Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пчелата на доблеста го одбира цветот, таа не слетува на секој цвет: го распознава по мирисот и бара доблест само од разумен човек, затоа што таму ја има, кај разумните луѓе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Биографските елементи на секој човек се резултат на неговата чувствителна и разумна природа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но ако и има ограничувања, тие ограничувања треба да бидат разумни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нашата задача и мака е, ако прекантари тоа рамновесие кај човекот - да го вратиме повторно во првобитната душевна и разумна терезија... Душата е една од тајните над тајните...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И како и секој споулавеник што од дните на разумни расудувања крие во себе итроштини кои го бранат и му даваат сила во некои часови, смерно се наведнал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега и јас сум вмешан. Не сум сигурен колку можат да бидат разумни необмислените потфати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Разногласието на нивните изјави му ја матеше свеста и тој упорно се обидуваше да си ја расчисти со разумни интерпретации.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таквото многугодишно упорно работење е пополезно, помачно и поморално од револуционерното. Тоа е поразумно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие не беа привлечни и не изгледаа разумни, само нељубезно го мереа долгиот темен тил на оној што одеше крај колоната и до болка ги стискаа вилиците, ги покажуваа забите, запенуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Убава мома ќе стане. Умна, разумна ќе биде. Мајка и татко ќе слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Залагањето на одговорните служби сметам дека ќе придонесе во разумен рок ваквите несреќи дури и сосема да ги снема.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Човекот не престанува да гледа кон нас, во неговите разумни очи се претчувствува човечка глад и кучешка стрпливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе