ранец (м.)
Вечерта научената девојка го нарами ранецот во кој го стави торбичето со вендузите и му се јави во земјанката на командантот на баталјонот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Соочена со такви мрачни мисли мрзоволно го извлече ранецот од автобусот кој веќе беше пристигнал во дворот на Економското училиште.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Штом ја заврши работата гладот го натера да го отвори ранецот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сериозниот професор си игра криенка со сенките! На рамото обесил ранец. Голем ранец. Всушност потсетува на војник казнет да искачи на планината тежок товар на рамото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Го симна ранецот од рамото на Томо малку подалеку од видокругот на другите екскурзијанти.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ни кога патувам за Истанбул не ги редам еврата и доларите, ама ги носам блиску до срцето во ранец префрлен како поштарска торбичка преку рамо и никогаш, ама никогаш не се делам од него.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од ранецот го извлекувам албумот што со години го дополнувам со стари фотографии.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сигурен сум дека во ранецот го има насобрано сѐ она што е потребно за да може еден погреб да се изведе според воспоставениот ред.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Џипот исфрлен од друмот. Во ендекот мртви лежат американскиот новинар и неговиот преведувач. Скраја ранец.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Седев на ранецот со пушката во раце кога колоната се појави.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ранецот и понатаму е на рамото и мирува! Помислувам: веројатно се сетил на смртта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Рада размислуваше како со тешкиот ранец ќе стигне до дома. На одење ѝ помогна Долгиот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го пуштив курирот Цветан да ми донесе крпи од ранецот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Извади од ранецот два сендвича со маргарин и салама и откако се најадовме и се напивме вода од реката, дедо ми почна да ми раскажува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Иљо ја пикна тетратката во ранецот, ја турна капата над очи и се прави дека дреме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во ранецот носев свиткани фармерки и блузи, шише за вода и по некоја книга.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Дојде еден каплар и ни вели да ги прерамиме ранците, да бидеме на штрек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само со ранецот, само со главата в раце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)