расколеба (св.)
Ја притисна на градите и си рече во себе дека треба да биде претпазлива од тука натаму, приказната да ја направи поуверлива и никој да не може да ја расколеба.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И ја гледаше мечката како се тептиса и како се расколеба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега се гледа. Сега само продолжуваа да се гледаат, а мечката, сфаќајќи дека тој може и на тоа растојание да ја јаде, стоеше на голината, далеку од секакво засолниште на белиот бришан простор, погодена и расколебана.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја виде, на педесетина чекори, застаната, како дотогаш воопшто да не трчала, како да стоела отсекогаш тука, свртена кон него со грбот, расколебана, послезена подолу од својата посока, за сето време обѕрната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој пречекорил некоку пати натаму, а кога застанал, пак расколебан од својата несигурност, мечката ја подигнала малку главата кон своето малечко до себе, го подушила малку и чиниш му дошепнала нешто притоа, како жена, покажала кон него, малото се свртело кон човекот и како дете, испратено да послуша нешто, дошло до него, завртело неколку пати околу него, со наведнат поглед што моли, а после седнало малку подалечку и го гледало, сосема исто како расплакано дете, дури така и бришејќи си ги солзите од своето лице со големите питоми шепи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Само кога ја виде Влаинката Роса како заминува со своите пет чупиња, по чупињата петте гуски кои деновите ги поминуваа во дупките кај туланата, а зад гуските високото ковчесто старче што размавтуваше со рацете како со мотовила, и самата се расколеба и следното утро се најде крај самиот вагон, всушност, луѓето се растргнаа и ја пуштија до вагонот да може да си зборува со старецот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„А тој? Таткото?“, прашував јас и тврдоглаво настојував да го расколебам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Веќе немаше ништо што можеше да ги расколеба.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Разговорот со мајка ми малку ме расколеба со намерата да ѝ пишам за него во првото писмо што ќе ѝ го пратам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ја отвори устата и само што сакаше мислата да ја претвори во зборови Ти дедо Костадине пристигна?... кога гласот што излезе од човекот го расколеба да ги пушти зборовите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)