распаднат (прид.)
Душемето одамна веќе беше скапано и повеќето распаднато и со неколку пармаци останати од оградата на чардачето што сега беа виснати држејќи се само на по една шајка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Секој од нив имал свое стебло под чии длабоки корења издлабил легло врз црна, од распаднато месо мека земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По брегот се белееја коски од распаднати риби околу кои птиците водеа борба и се клувкаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Земанек живееше во една распадната куќарка во предградието, останата од дедо му по мајка; живееше сам таму, без мајка му и сестра му.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не размислувајќи многу, се качи на таванот, превртуваше штици, стари косила, вили, распаднати самари, лопати, искршени грнци. Ја бараше скриената пушка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Црквата беше оградена, добитокот шеташе низ гробиштата, ги поганеше гробовите, ги уништуваше дрвцињата, цвеќињата. Дрвената ограда беше распадната, изгниена.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Капење на стреите неваросани, пајажини исплетени, надвиснти по ѕидовите на куќите распаднати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сите ги свртеа очите кон третиот колосек и таму, навистина, го здогледаа речиси распаднатиот вагон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во распаднатото, фрагментарно, постмодерно време кое ги брише сите граници и хиерархии, кое со својата општа огледало-структура им дава право на сите и на сите право на сѐ, во време на персонализација, време на исчезнување на границите помеѓу високо и ниско, помеѓу уметност и неуметност, во време на рамнодушна консументска булимија, во време на атрофија на чувствата - на ѓубрето сите врати му се ширум отворени, ѓубрето навлегува во сите пори на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)