распарчува (несв.)
Меѓутоа, оваа револуција се случи мошне доцна, зашто западните империјализми веќе започнаа да ја распарчуваат Отоманската империја, како и вирулентниот грчки, српски и бугарски национализам кои ја предизвикаа Балканската војна, во 1912 година.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неговите мисли се распарчуваат и тонат во неврат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш, бездруго, ќе започне огнот да гори, а душманите ќе гледаат отстрана и ќе се ситат, ќе уживаат кај што ќе се черечи брегот, кај што ќе се распарчува...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но Скрче продолжи да оди крај брегот гледајќи ги брановите што се откинуваа од езерото и се распарчуваа на брегот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Правдата со скршени нозе ги убиваа и ги товареа на други или ги дереа, ги распарчуваа и ги носеа горе. За месо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И така сѐ до смртта на долниот бабар, една од најубавите епизоди на нашата фолклорна ризница, во која телото на умрениот бабар симболички се распарчува; претходно, гатачот го обвинува домаќинот за смртта на бабарот: „Алему бале, пците му го клале, кај тебе ата ме најде, штета ми се штети, здрав го доведов другаров, а овдека мртов падна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Експлозијата го распарчува детето во мисла а тоа во неа, закачено за модра брадавица.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Таа е нема“, пак повтори жената, со дланки покажувајќи ѝ го лицето на девојката за да не гледа како сѐ уште ги распарчуваат мртвите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Скоро распарчувала некој плен. Видов свежи коски, - ѝ објаснив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)