распетие (ср.)
Го проби оловото но ако останеше жив ќе го чекаше ли своето распетие?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Секој од нас е на пат кон својата голгота. Никому не му гине распетие.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И тогаш бегалецот од турската војска со исечени три прсти на десната рака, Татар или Монгол или Черкез и присилен левучар, им се предал на востаниците со посредување на попот Зафир Јосков Вртипоп, и самиот востаник со фишеклии преку искрпената мантија, со мавзерка, призренска кама и сребрено распетие, им се предал и го бакнал белиот коњ во двете ноздри.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Им го покажа и иконостасот работен во длабока резба, богат со орнаменти на фауна и флора, со позлата и со живописни икони: распетието Христово, Влегувањето во Ерусалим, Лазаревото воскресение, Раѓањето на Богородица, Собир на Архангелите и други светци.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го гледале додека им се доближувал како симнат од распетие, измиен со молитви но не помалку темен од порано.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јанче уште некое време остана вудвосан под Исусовото распетие, прикрепено на источниот ѕид, потоа, кога се исправи, уплашен и расплакан, во нивните очи побара согласност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ја минав границата како свое триж распетие, спасен од последното, четвртото сталинското, како замена.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
“ ПСАЛМ 2 Изучувајќи ги медицинските науки мене ме возбуди фактот дека човекот во својата крв има точно толку железо колку што е потребно за да се исковат доволно клинци за едно распетие.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)