расположен (прид.)

„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во моментов сум добро расположена и, знам, ако почнам да се сеќавам како беше, што сѐ преживуваме брат ми и јас тие априлски денови пред две години, сосема ќе ми се расипе расположението.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Националното е еден вид политички камен кој на сила му се става околу вратот на човекот расположен да лета; со него се задржува човекот да остане во своето село, до својот нужник, да не отиде во светот, да не види дека постојат многу и различни светови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа попладне за среќа бев одлично расположен зашто чичко ми ми дозволуваше сѐ што ќе посакав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако го видеа расположен, зафаќаа разговор за козите или бараа нешто да им прочита за нив од татковите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не бевме расположени да се расправаме и со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Утредента се разбуди наспан и расположен да го тера денот во духот на поговорката „Пуљи си работа“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Томасовата црква, која е расположена во центарот на градот, зад „Ратхаусот“ е и најстара и најголема црква изградена пред повеќе од илјада години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, тоа при особени случаи, кога беше расположен за шеги.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѕурам бледо во неговото заруменето, растегнато лице, но тоа не му пречи да ја продолжи тирадата: - Таа беше типично мазохистички расположена особа, која сакаше да ми ги пренесе своите ставови.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Девојката не дојде и Даниел стана лошо расположен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овој град сиот е расположен во приодите кон морето, на оние места каде што било порано море, а чија вода работливите холанѓани ја повлекле кон морската шир, освојувајќи нови површини за градови, полиња и оранжерии за цвеќиња...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако сум добро расположена знам да бидам прекрасна, меѓутоа, доколку сум тажна, лута или по малку депресивна, мојата убавина исчезнува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со очите изразив вчудовидување, а тој продолжи: - Еден месец подоцна, на 4 август солунскиот весник “Елиникос Ворас“, со големи букви вака ги извести своите читатели: “Жителите на убавото костурско село Крија Нера17 кои досега покрај грчкиот зборуваа на еден туѓ дијалект, трогнати од одличната иницијатива на патриоски расположеното население на селото Каридја – Птолемаида, спонтано решија во присуство на месните власти да се заколнат дека целосно ќе го заборават тој јазик и во иднина така тие, како и нивните синови, исклучително ќе зборуваат на грчки јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Игор Лозински, видливо расположен, започна тивок, носталгичен пев.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе