расправање (ср.)
Соколе го засака особено за тоа што знаеше да се замеша во нивните расправања, кога толкуваа некое место од Светото Писание и гледаа да го сврзат со најновите тревожни настани.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Судијата поединец, односно претседателот на советот, ќе определи главна расправа дури по правосилноста на решението со кое се дозволува повторување на постапката, но во тоа решение може да одлучи веднаш да започне расправањето за главната работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако е одржано подготвително рочиште или, ако тоа не е одржано, откако тужениот на првото рочиште за главната расправа се впуштил во расправање за главната работа, судот што ја започнал постапката не може ни по приговор ни по службена должност да се огласи за ненадлежен за предмети од надлежноста на друг суд од ист степен (чл. 16, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, ако тужениот – до заклучувањето на главната расправа – го признае тужбеното барање, судот – без натамошно расправање, ќе донесе пресуда со која го усвојува барањето на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако работодавачот и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни и против неа не е допуштен спор пред надлежниот суд (чл. 183, ст.3-4 од ЗРО). Lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, како што видовме на почетокот на книгава, е Законот за мирно решавање на работните спорови (2007) кој започна да се применува од почетокот на 2008 година, но сѐ уште не наиде на добар одѕив во праксата. 247
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога причината за повторување на постапката се однесува исклучително на постапката пред повисокиот суд, судијата поединец, односно претседателот на советот на првостепениот суд по одржаното рочиште за расправање за предлогот за повторување на постапката ќе го достави предметот до тој повисок суд заради донесување одлука (чл. 399, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога во овој закон е предвидено дека странка може да истакне одреден приговор или предлог или да преземе некое друго парнично дејствие додека тужениот на главната расправа не се впушти во расправање за главната работа, таквиот приговор, односно предлог странката може да го истакне, до почетокот на доказната постапка (чл. 282, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До правосилноста на меѓупресудата судот ќе застане со расправањето за износот на тужбеното барање (чл. 316, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Законот за мирно решавање на работните спорови (2007), 1 кој е lex specialis за проблематиката на т.н. вонсудско расправање спорови со работна тематика, ги уредува начинот и постапката на мирно решавање работни спорови; изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите, како и другите прашања кои се од значење за мирното решавање на некои „најчести“ работни спорови – што значи не се однесува на сите видови спорови кои, евентуално, можат да произлезат од комплексот на работните односи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ФЕЗЛИЕВ: (Кој сето време го слушаше расправањето на Методи отсутно, станува и трга кон кујната.) Јас ќе излезам... в кујна.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тој умееше да ужива во неговото расправање, и едновремено да му се подбива безобидно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Тоа беше случајно“, му рече помирливо, нерасположен за расправање. „Не сакав тоа да го сторам.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За надоместок на трошоците одлучува судот на определено барање од странката – без расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, кога тужениот, во одговорот на тужбата, не го оспорил тужбеното барање, или нема да дојде на подготвителното рочиште до неговото заклучување, или на првото рочиште за главната расправа ако подготвително рочиште не е одржано или ако дојде на овие рочишта, но не сака да се впушти во расправање или се отстрани од рочиштето, а не го оспори тужбеното барање – ќе се донесе пресуда со која се усвојува тужбеното барање, ако се исполнети следниве услови, т.е. ако: 1) тужениот бил уредно повикан; 2) тужителот предложи донесување на пресуда поради изостанок; 3) тужениот одговорот на тужба или со друг поднесок не го оспорил тужбеното барање; 4) основаноста на тужбеното барање произлегува од фактите наведени во тужбата; 5) фактите врз кои се заснова тужбеното барање не се во спротивност со доказите што самиот тужител ги поднел или со факти што се општопознати и 6) не постојат општопознати околности од кои произлегува дека тужениот го спречиле оправдани причини да дојде на рочиштето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)