распрета (св.)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Но потоа, старата го распрета огништето и се обиде да го свари кафето откако претходно ги истолчи печените зрна со ќускијата за слануток.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Паљо ја распрета земјата и го извади кутичето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ги приспотна гламните, ги помести малку поназад во огништето, па го распрета топлиот жар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога огнето ќе ја надминеше таа граница, тој ќе го распреташе и тоа стануваше пак онака тивко и затлеано, како питом, мачор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јордан Шоп го распрета огнот и стави врз жарот располовена тиква - оскрбен е, му горчи душата, ќе се засладува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Калија се туткаше околу огништето и распрета неколку гламњи, за да ја притопли вечерата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бојан го распрета, па појде во темниот агол на одајчето, каде што во едно мало каче стоеше наложена, солена сланина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)