растреперува (несв.)
Имаше на таа перница многу љубов, но не онаа која ги растреперува пеперутките во стомакот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Нервозата што му го растреперува стомакот додека ја чека да му го донесе тој мирис, а од бањата се слушаат шурки вода...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Само најнадарените и најупорните стануваат професионални мижачи и само тие ја растреперуваат темнината пеејќи комитски песни и разни други сезонски шлагери.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа сеќавање ме возбудува и растреперува неверојатно многу, истовремено растажувајќи ме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)