растресува (несв.)
Затоа тој секогаш само Неа ја обвинуваше, само во Неа го бараше виновникот за плимите и осеките што го растресуваа нивниот брак.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Темнината стана страшна кога започна пукање што го растресуваше градот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Босилекот се вовира остро, ја корне и растресува душата, додека шебојот гали, опива, слади, тера на дремка сладосна.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: (Му приоѓа на Фезлиев, го растресува за јаката од палтото и го фрла во најблиската фотелја.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Кога се трите заедно ја растресуваат сета праисторија од нивната рана младост до денес.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Пие, полека и долго. Потоа ја растресува главата.) Тбррррууу...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: (Го зграпчува за јаката и го растресува.) Сигурен ли си?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)