расфрлено (прил.)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Семејството на Ксавиер, како она на Ерменецот, беше расфрлено по светот: некои останале, некои се во Америка, некои по Европа.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)