расчистува несв.
расчистување ср.

расчистува (несв.)

Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ко избришано огледало ми се расчистува пред мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беличот остана горе со бригадата што го расчистуваше веќе ископаниот канал, а Мече беше одреден за водоносец на една бригада што работеше на реката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Расчистуваат луѓето, клаваат межници и крстици на средината од нивчињата. Цело село си отвора нова работа, си ја проширува старата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе мора тој сега тешко да го расчистува патот до стварното, без помошта на претходното насетување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Што имам јас да расчистувам со Југославија, вели Апостол Макаровски, небаре од нашите усти да ги вади зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чана гледа многу повеќе од нив: бавчи, дрвја секакви во нив, планината не е голема, само сепак ги наполнува сосема очите и врз неа нема друга планина оти иако е облачно и роморливо, напати ветрето што се подава расчистува по некоја дупка во која се здогледува само небо над неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој ден речиси сите го видоа Дине Бочаровски оти и тој се вртеше околу дрвената барака, лепеше нагоре и попреку штици, расчистуваше, одделуваше сѐ што беше дрвено од малтер, тула или трска и ги редеше во два купа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Небото наместо да се расчистува, се мурти.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Доста добро се меша со Екстази и кога почнува да се расчистува, некои луѓе тврдат, ефектите исчезнуваат речиси во истиот момент.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Маглата се расчистува, ама здивот на зимата е сѐ појак.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)