рафален прид.

рафален (прид.)

Рафална стрелба е основен начин на гаѓање со автомат, му велиш, а тој те прашува кого треба да го убие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сранко вриеше од нервоза и му доаѓаше да му ја учука, но Жанко беше габаритен па сѐ се заврши само со рафален дожд од Серовската уста.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Наспроти нана ми, која од секогаш (а и денес, во деветтата деценија од животот) задишана, со рафални реченици без точка, стига во последен миг да исечка и додаде домати во тенџерето, да ја избрише трошката прашина на најгорната полица во шпајзот или пред легнување, вешто да ме истрие со комова за превентива, дедо ми беше убеден дека брзината победува секакво знаење и задоволство. „Ќефот“ е најважен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Францускиот бенд, „Ејжен даб фондејшн“, побарале после концертот во кафеаната во која ќе ги полнат стомаците, рафално да стрелаат по келнерите со ќебапи, суфлаки и слични убиствени месишта подготвени на скара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одлучија да заминат сеејќи паника со рафални пукотници, одмаздувајќи му се на народот што толку долго, вон каква било памет, ги трпел и им пуштал на волја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неколку денови по овој рафален грмеж, во Дреново донесоа дванаесетмина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стоеше исправен во место, вкопан, и покрај тресењето од неговата сопствена рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)